Манчестер сити го одигра шампионски својот прв домашен натпревар сезонава, декласирајќи го Хадерсфилд со 6-1. Пеп Гвардиола направи неколку промени во тимот, оставајќи ги на клупата Марез, Стерлинг и Вокер, но играта на „граѓаните“ диригирана од Давид Силва функционираше беспрекорно.
Во главна улога беше Серхио Агуеро, кој постигна хет-трик, а по еднаш меѓу стрелците се запишаа Хесус и Давид Силва, додека шестиот погодок беше автогол на Конголо по одличниот продор на „резервистот“ Сане, за максимални шест бода за Сити по првите две кола од новата сезона.
Во вториот меч на денешната програма Ватфорд како гостин славеше против Барнли со 1-3. Греј, Дини и Хјуз беа стрелци за победничкиот тим, додека единствениот погодок за Барнли беше дело на дефанзивецот Тарковски.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА