Сити со обвинување дека пробале да врбуваат фудбалер

Манчестер Сити е обвинет дека го врбувал играчот на Реал Ваљадолид, Џума Бах да го раскине договорот со шпанскиот клуб за да дојде во Англија.

Дефанзивецот неодамна му кажа на тимот од градот на северот на Пиринејскиот полуостров дека сака да ја откаже соработката, што ќе му овозможи на шампионот на Островот да заштеди многу пари при неговото пристигнување.

Кога 18-годишникот слушнал за интересот на „граѓаните“ не се појавил на тренингот и ја доставил сумата потребна за раскин на договорот. Во Валјадолид тврдат дека одлуката на стоперот била „поддржана и изманипулирана од Манчестер Сити и агентот на играчот“ и дека предизвикала „големо разочарување и незадоволство“ во клубот.

Инсајдерот Фабрицио Романо најави дека Бах дефинитивно ќе ги засили небесносините, а планот на клубот од „Етихад“ е да го позајми на француски Ленс на 18 месеци.

Се вчитува...