Сити со одличниот гол на Де Брујне до победа над Лестер (ВИДЕО)

Тимот на Лестер денеска во дуел со Манчестер Сити го отвори 24. коло од англиската Премиер-лига, меч кој го добија гостите со 0-1.

Првото полувреме не понуди поголеми возбудувања, домаќините се бранеа, а Сити напаѓаше, но без реализација, па на пауза се замина со почетниот резултат од 0-0.

По само неколку минути игра во вториот дел на сцена стапи Кевин Де Брујн, кој постигна извонреден гол од слободен удар во 49. минута. „Граѓаните“ овој резултат успеаа да го сочуваат до крајот на мечот, триумф за нови три бода и искачување на лидерското место во Премиер-лигата.

 

Standings provided by Sofascore

Се вчитува...