Манчестер Сити многу слабо ја стартуваше сезонава во Премиер-лигата, а главна причина дефинитивно е повредата на Родри. На „граѓаните“ им е јасно дека мораат да се активираат на пазарот, а управата веќе обезбедила 100 милиони фунти за да ја исполни желбата на Пеп Гвардиола, како замена за Родри.
Станува збор за Бруно Гимараеш, бразилскиот репрезентативец кој важи за еден од лидерите на тимот на Њукасл. Тој е еден од најдобрите премиерлигашки играчи на позицијата последен играч за врска, а квалитетите што ги поседува според Гвардиола се идеални за тој експресно да се адаптира во системот на игра на Сити. Секако, Њукасл нема да сака да го продаде својот клучен играч на директен премиерлигашки ривал, но добро за „граѓаните“ е што во договорот на Гимараеш има откупна клаузула од 100 милиони фунти што англискиот првак е подготвен да ја активира.
Гвардиола е во потрага и по нов напаѓач откако се покажа погрешна проценката минатото лето да не се доведе резерва за Халанд по продажбата на Хулијан Алварез во Атлетико Мадрид.
Сити моментно заостанува девет бода зад лидерот Ливерпул, а „граѓаните“ попладнево го играат својот меч од 15. коло, на гостински терен против Кристал Палас.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

