Тимот на Евертон е сè пооптимистичен дека Џек Грилиш ќе се врати во клубот следната сезона, но овој пат како постојан член на тимот. Клубот е заинтересиран да ги обезбеди услугите на играчот од средниот ред на Манчестер Сити, кој е на позајмица и влегува во последната година од договорот на „Етихад“. Грилиш беше вистинско откритие на позајмица сè додека сериозната повреда во јануари ненадејно не ја заврши неговата сезона.
Фактот што Грилиш остана во Ливерпул на долготрајна рехабилитација откако претрпе фрактура на стопалото, Евертон го гледа како позитивен знак. Главната пречка за договор би можела да биде неговата висока плата која изнесува нешто повеќе од 350.000 евра неделно. Но, „сините“ веќе издвоија 14 милиони евра за едногодишна позајмица.
Договорот наводно вклучува откупна клаузула од 58,5 милиони евра, иако Евертон сака да ја намали оваа сума на половина, со оглед дека договорот на Грилиш истекува во 2027 година.
Грилиш ја обнови својата кариера во Евертон и му ја припишува заслугата на менаџерот Дејвид Мојес за неговото враќање во врвна форма, кој е заинтересиран да го задржи. Офанзивниот играч од средниот ред брзо стана миленик на навивачите и клучен играч во сезоната во која би можеле да се квалификуваат за европските натпреварувања.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

