Крај на ерата на Пеп: Сити веќе го одреди наследникот на Гвардиола!

Манчестер сити сезонава се обидува да освои уште една титула во Премиерлигата, но веќе е се поизвесно дека без разлика како ќе заврши сезоната за „граѓаните“, на крај Пеп Гвардиола ќе го напушти клубот кој го вивна до европските височини со бројни освоени трофеи изминативе години. Не е познато дали е презаситен или има планови да работи некаде на друго место, но се појасно е дека заминува.

Како и да е, ќе биде чудно да се следи Сити без Гвардиола, но англискиот клуб наводно веќе се договорил за неговиот наследник, или за избраниот. Се верува дека станува збор за Енцо Мареска, кој моментално го води Челси.

Од Гвардиола го усвоил тренерското знаење кога работел во Манчестер, а од летото 2024 година е прв тренер на Челси. Прво, му донесе на лондонскиот клуб трофеј во Конференциската лига, а потоа и Светското клупско првенство.

„Сините“ играат атрактивен фудбал под водство на Италијанецот, кој има договор со лондонскиот клуб до јуни 2029 година, но јасно е дека без двоумење би прифатил покана од Манчестер.

Пред Челси, Мареска ги водеше Лестер, Парма и тимот до 23 години на Сити, а беше асистент на Гвардиола во сезоната 2022/23. Пред тоа работеше и во Вест Хем, Севилја и Асколи, каде што ја започна својата тренерска кариера во 2017 година.

Се вчитува...