Сити замената за Алварез ја најде во Вест Хем, ќе ја плати само 1,2 милиони

Играчот на Вест Хем, Дивин Мубама, треба да биде нов играч на шампионот Манчестер Сити. Напаѓачот доаѓа на „Етихад“ како замена за Хулио Алаварез, кој за 75 милиони евра замина во Атлетико Мадрид. Мубама ќе биде платен само 1,2 милиони, или за 70 пати помала сума од онаа за која беше продаден Алварез.

Мубама има само осум настапи за првиот тим на Вест Хем, од каде потекнува. Настапуваше и за помладите селекции на Англија. Има 19 години и дебитираше  за Вест Хем во ноември 2022 година.

Се вчитува...