ЕКИПА во Порто, Португалија
Владимир Булатовиќ
Повеќе од интересен е фактот дека кога ќе се обидете да ги издвоите најзначајни фудбалски моменти во историјата на македонската репрезентација, сите пет се на гостински терен.
Податок кој можеби индиректно доволно зборува за вечниот притисок кој македонските репрезентативци го чувствувале секогаш кога играле на домашен терен, па некако преку натпреварите одиграни надвор од Македонија најчесто сме го привлекувале вниманието на Европа.
За македонските фудбалски репрезентативци сега следен предизвик е Порто и пресметката со Португалија во финалето за место на Мундијалот во Катар. Претходната победа над Италија, без сомнение, носи огромен мотив плус за избраниците на Благоја Милевски да се успее во обидот уште еднаш да се „шокира“ светот.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА