Преселбата на Алексис Санчез во Интер е многу блиску до реализација откако клубовите ги договорија речиси сите услови од едногодишната позајмица. Телевизијата Скај Спортс попладнево објави дека е договорено Алексис во текот на утрешниот ден да пристигне на лекарски прегледи во Милано, а доколку се е во најдобар ред веќе в среда да биде претставен како ново големо засилчување за тимот на Антонио Конте.
Јунајтед нема шанси да го продаде чилеанскиот ас до крајот на преодниот рок, па затоа се согласил на едногодишна преселба во Интер. „Нероаѕурите“ одлично испреговараа во целиот процес, па ќе плаќаат само половина од платата на Алексис, додека втората половина ќе мора да продолжи да му ја исплаќа Манчестер Јунајтед.
Ова практично значи дека „црвените ѓаволи“ ќе треба да му плаќаат над 200.000 евра неделно на фудбалер кој воопшто нема да настапува за нив во текот на целата сезона. Договорено е доколку во Интер се задоволни од Алексис, следното лето целосно да го откупат Чилеанецот за 18 милиони евра, со што Алексис и дефинитивно би си заминал од „Олд Трафорд“.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА