Скалони: Ако Меси е подготвен, ќе игра против Перу

Актуелниот светски шампион, репрезентацијата на Аргентина вечерва доцна по полноќ ќе му гостува на Перу во рамките на квалификациите за Светското првенство.

По три одиграни натпревари избраниците на Лионел Скалони се први во јужноамериканските квалификации со максимални девет бода и гол разлика, додека Перу успеа да освои само бод.

Сепак, Скалони верува дека нема да биде така лесно во Лима. Сите најмногу ги интересира дали ќе игра првата ѕвезда Лионел Меси, а Скалони вели дека се уште не знае.

„Лео е добро и тренираше со тимот. Сепак, ќе донесеме одлука утре. Ако е подготвен ќе игра и тоа е она што сите го сакаме“, рече Скалони.

Се вчитува...