Селекторот на Аргентина, Лионел Скалони зборуваше со помирлив тон пред пресметката со големиот ривал Бразил во квалификациите за Светското првенство.
Натпреварот е закажан за вторник koн среда во 1 часот по полноќ по средноевропско време.
„Играат Аргентина-Бразил, тоа е секогаш важен натпревар, но сепак е само фудбалски натпревар. Се сеќавам на сликата по финалето на Копа Америка во 2021 година, кога Лео седеше на скалите на Маракана со Нејмар. Верувам дека тоа е слика што треба да остане. Таа слика кажува сè: најдобриот фудбалер на планетата заедно со неговиот голем пријател кој е Бразилец. Сè друго е фудбалски натпревар“, изјави Скалони.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА