Лионел Меси би можел да игра и на следниот Мундијал во 2026 година, истакна селекторот на Аргентина Лионел Скалони. Аргентина минатата година предводена од Меси, го освои трофејот.
Меси уште пред Мундијалот во Катар, најави дека тоа за него ќе биде последно Светско првенство, но постои можност да заигра на уште едно каде Аргентина ќе го брани трофејот.
„Мислам дека Меси би можел да игра и на следното Светско првенство. Зависи од тоа како тој се чувствува. Вратата во репрезентацијата секогаш ќе му биде отворена. Среќен е на теренот и во репрезентацијата и тоа е добро“, рече Скалони.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА