Аргентинскиот селектор Лионел Скалони е оптимист дека ќе успее да го убеди Лео Меси да ја продолжи репрезентативната кариера и по СП во Катар.
Најдобриот фудбалер на денешницата уште пред големото финале со Франција најави дека тоа ќе му биде последен меч во репрезентативниот дрес, но Скалони верува дека Меси ќе продолжи да игра, под епитетот светски шампион.
„Искрено верувам дека Лео Меси ќе игра за нас на светското првенство. Секако, се ќе зависи од неговото здравје и физичка подготвеност во моментот, но нашата врата секогаш ќе биде отворена за него. И не само тоа, знаеме дека со Меси и по четири години ќе бидеме многу посилни отколку без него. Тој тогаш ќе има 39 години и ќе може да стане прв фудбалер кој настапил на шест мундијали, што сигурно ќе биде мотив плус за Лео“, истакна Скалони.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

