Скалони: Му рековме на Меси, играј за Аргентина додека мислиш дека можеш

Лионел Скалони испиша историја станувајќи светски првак како селектор на Аргентина, а младиот стратег неодамна најави дека би можело да се случи да го напушти кормилото на „гаучосите“. Неговата иднина како селектор нема преголемо влијание околу улогата на Лео Меси во аргентинскиот национален тим, а Скалони обелодени дека се договориле со најдобриот фудбалер на денешницата, тој да продолжи да го носи репрезентативниот дрес додека самиот се чувствува подготвен за такво нешто.

Меси си ја оствари мисијата со освоената титула во Катар, но иако се очекуваше тој по последниот мундијал да ја заврши репрезентативната кариера, Аргентинецот продолжи да ги брани боите на „гаучосите“.

„Седнавме и разговаравме со Лео… му рековме да продолжи да игра додека тој мисли дека може. Гледајте како играше на последните средби, покажа дека може да даде уште многу , дека не е ниту блиску до крај на кариерата. Никој не знае уште колку долго ќе игра, Лео е среќен кога се наоѓа на фудбалскиот терен и се надевам дека уште долго ќе уживаме во неговите мајстории. Уживавме во Катар, тој беше неверојатно мотивиран да стигне до трофејот што му недостигаше, играше со срце од првата до последната минута, беше незапирлив. Тешко е со зборови да се опише какво беше чувството да го гледате, да бидете крај него на тренинзите и на натпреварите, тоа што го доживеавме во Катар ќе го паметиме додека сме живи“, изјави Скалони.

Се вчитува...