Скалони: Не знам дали Меси ќе игра на Мундијалот, да му дадеме малку мир

Селекторот на аргентинската репрезентација Лионел Скалони, вели дека не разговарал со Лионел Меси за неговото учество на идното Светско првенство 2026 година.

Тој изјави дека на најдобриот аргентински фудбалер сега му е потребен мир, а дури потоа ќе биде познато дали ќе може да биде дел од националниот тим на идниот Мундијал, на кој „Гаучосите“ ќе ја бранат титулата.

„Не можам да кажам колкав процент од сегашниот состав на Аргентина ќе биде повикан на Светското првенство, затоа што има многу време. Многу работи можат да се случат. Костурот на тимот е тој, но штом ќе знаеме кои играчи ќе бидат способни, тогаш ќе го знаеме списокот, и ќе донесеме одлука. Што се однесува до Лео, не сме разговарале за Светското првенство. Знам дека ќе има време мирно да размисли, и тоа го заслужува. Да му дадеме мир“, рече Скалони.

Се вчитува...