Аргентинскиот селектор Лионел Скалони остана бесен откако новинари од аргентинскиот весник „Оле“ обелоденија дека „гаучосите“ најверојатно ќе бидат без Родриго де Пол на утрешното четвртфинале против селекцијата на Холандија.
Асот на Атлетико Мадрид се пожалил на болка во мускулот и морал предвреме да се упати кон соблекувалната, а Скалони полуде на прес-конференцијата бидејќи тренингот бил зад затворени врати и информацијата за повредата никако не смеела да излезе во јавноста, особено не од аргентински новинари.
„Од каде знаете за повредата на Де Пол? Ако ми кажете кој ви кажал, јас ќе ви одговорам колку е сериозно“, го почна лутиот селектор разговорот со новинарот на „Оле“.
Откако овој одби да му го открие својот извор на Скалони, следеше ново препукување…
„Зошто сте нервозен, Лионел“, праша новинарот Родас…. по што следеше одговорот: Не сум нервозен, но имавме тренинг зад затворени врати, а сега вадите информација за Де Пол. Не знам дали сме за Аргентина или за Холандија“.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА