Скамака е пред потпис со Рома

Рома е на добар пат да осигура уште едно засилување за своите редови откако влезе во завршна фаза за ангажманот на италијанскиот напаѓач од Вест Хем, Џанлука Скамака. Жозе Мурињо инсистира на нов голгетер во ситуација кога Абрахам е сериозно повреден, а изборот падна токму врз Скамака, кој имаше одлични настапи во Серија А додека настапуваше за Сасуоло, по што не се снајде најдобро во Вест Хем.

Двете страни веќе подолго време водат преговори, но се чини дека конечно е најден заеднички јазик откако Вест Хем се согласи на позајмица на италијанскиот напаѓач. Рома ќе плати пет милиони евра за позајмицата, а ќе има и клаузула за задолжителен откуп за дополнителни 22 милиони евра доколку „волчицата“ обезбеди влез во Лигата на Шампионите за наредната сезона.

Мурињо од класичните напаѓачи во тимот го имаше само уште Белоти, но екс-фудбалерот на Торино лани имаше катастрофална деби-сезона во дресот на Рома.

Се вчитува...