Скандал: Дејан Манасков приведен по напад врз помошниот тренер на Охрид!

Охрид во одличен меч славеше над шампионот Е. Пелистер, дуел што за жал го одбележа огромен инцидент по последниот судиски свиреж.

Екс-репрезентативецот Дејан Манасков завршил во полициска станица откако крилниот играч на „пелистерци“ бил приведен поради физички напад врз помошниот тренер на Охрид.

„На 14.12.2025 година во 20.20 часот, во СВР Охрид приведен е Д.М. (33) ракометен играч од Скопје, член на ракометен клуб од Битола.

Тој, по завршување на ракометен натпревар што, денеска се одржуваше во спортската сала „Биљанини Извори“ во Охрид, при меѓусебното поздравување на играчите, физички го нападнал К.А. помошен тренер на домашниот-охридскиот ракометен клуб.

По целосно расчистување на настанот, против напаѓачот ќе биде поднесена соодветна пријава, известува портпаролот на СВР Охрид, Стефан Димоски.

Се вчитува...