Огромен скандал го потресе австрискиот женски фудбал откако поранешен функционер на ФК Алтах беше обвинет за сериозно дело – тајно снимање на фудбалерките на овој тим додека се наоѓале под туш и во соблекувалните на стадионот каде ги играат натпреварите.
Доказите беа цврсти, а функционерот денеска и официјално беше осуден за виновен, но му беше изразена смешна казна – условна казна затвор и парична санкција од 1.200 евра. Исто така, тој ќе треба да плати по смешни 625 на секоја од девојките кои ги снимал (станува збор за 15 сегашни и поранешни фудбалерки на овој австриски клуб).
Елени Ритман, која до пред неколку години настапуваше за Алтах, а сега е фудбалерка на француски Евијан, со право беше шокирана од целокупната ситуација.
„Останав без зборови. Се прашувам дали е доволно, исто така се прашувам како една ваква казна ќе спречи други луѓе да го повторат истото дело. Сметавме дека сме „безбедни“ во нашата соблекувална, а голем дел од нас по обелоденувањето на скандалот престана да ги користи тушевите на стадионите. Ова не е нешто што смее да се толерира во едно општество“, објави Ритман.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

