Скандал го потресе Амстердам: Ајакс му врачи отказ на Овермарс поради вулгарни и срамни пораки!

Ајакс со последниот потег покажува дека е вистински пример за тоа како работи и функционира еден клуб, па само неколку часа откако изби шпекулацијата за недоличен и срамен скандал во Амстердам, пристигна официјално соопштение за прекин на долгогодишната соработка.

Марк Овермарс од денеска веќе нема да ја извршува важната улога на спортски директор, бидејќи поранешниот холандски репрезентативец и актуелен архитект на последните успеси на тимот направил глупост од која нема враќање назад.

„Марк Овермарс веднаш го напушта клубот. Оваа одлука е донесена по разговорот на надзорниот одбор и претседателот на Упрвата, Едвин Ван Дер Сар. Причината за ваквата одлука е испраќањето на непримерни пораки на неколку колешки во подолг временски период“, гласи објавата на Ајакс, во кое има и извинување од Овермарс.

Овермарс по крајот на групната фаза во Лигата на шампионите стави потпис на нов договор со Ајакс до 2026-та година, но сето ова сега пропаѓа во вода откако се откри дека долго време психички ги малтретирал женските лица вработени во клубот со недолични вулгарни и срамни пораки.

„Засрамен сум. За жал, не сфатив дека ја минав границата, но изминативе денови ми стана јасно. Почувствував голем притисок и се извинувам. Недозволено е такво однесување за човек на мојата позиција и го сфаќам потегот на клубот. Сега е предоцна, не гледам друго освен да си одам. Оваа ситуација на големо влијае и на мојот личен живот и затоа ве молам да ме оставите мене и моето семејство на мир“, се вели во краткото соопштение на Овермарс.

 

 

 

Се вчитува...