Германската гимнастика ја тресе голем скандал откако неколку спортистки упатија сериозни обвинувања против тренерите во националниот центар за гимнастика во Штутгарт.
Обвиненијата за недолично однесување во тренинг центарот во Штутгарт веќе доведоа до суспензија на двајца тренери. Германската олимписка спортска федерација (ДОСБ) и Министерството за култура на покраината Баден-Виртемберг реагираа со барање за темелна истрага на тврдењата на гимнастичарите за жалбите во сојузната база во Штутгарт.
Поранешната германска спортска ѕвезда Табеа Алт на социјалните мрежи објави дека во текот на кариерата била жртва на „систематско физичко и психичко малтретирање“ од селекторот на националниот тим.
Нејзиниот глас го следеа и други спортистки кои исто така ги открија своите приказни.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА