Скандал ја тресе Шпанија: Претседателот на Фудбалскиот сојуз организирал оргии и ги плаќал од сметката на сојузот!

Скандал ја тресе утрово Шпанија, по објавата на повеќето шпански медиуми дека претседателот на Фудбалскиот сојуз на оваа земја, Луис Рубиалес се сомничи за организирање оргии во неколку наврати кои ги плаќал со пари од сметката на Фудбалскиот сојуз на Шпанија.

„Ел Мундо“ прв ја објави оваа информација која ја шокираше шпанската фудбалска јавност, па Рубиалес се најде под неверојатен притисок за само неколку часа поради што се очекува негово обраќање околу целиот скандал.

„Ел Мундо“ објави дека Рубиалес организирал приватни забави кои подоцна прераснале во оргии а плаќани од сметката на федерацијата. Сето тоа се одвивало во близина на Гранада, а информацијата индиректно ја откри близок роднина на претседателот, Хуан Рубиалес кој порано и сам бил запослен во фудбалскиот сојуз.

Шпанците пишуваат дека Рубиалес сето тоа го организирал под изговор дека се работи за работни состаноци на сојузот и ги повикувал само најблиските соработници од Фудбалскиот сојуз.

Хуан Рубиалес дури и го обвини претседателот дека, преку тоа, и на нелегален начин извлекувал пари од сојузот. Побара да се покрене официјална истрага а тој е убеден дека ќе се докаже сето тоа што тој го кажува.

Се вчитува...