Церемонијата на доделување на медалите за екипното натпреварување во уметничко лизгање на Зимските олимписки игри во Пекинг беше одложена поради „правен проблем“ кој би можел да влијае на освојувачите на медали, соопшти меѓународниот олимписки комитет (ИОК).
Церемонијата требаше да се одржи во вторникот кога рускиот тим требаше да ги добие златните медали, селекцијата на САД сребрата, додека Јапонија брозните. Портпаролот на ИОК, Марк Адамс изјави дека причината за ова е „правна консултација“ со Светската федерација во уметничко лизгање.
Се верува дека причина за одложување е ситуацијата во која се која се вклучени рускиот тим и Меѓународната допинг контрола, и дека се работи за спроведен тест на допинг пред почетокот на игрите во Пекинг.
Доколку еден член на тимот падне на допинг контрола, медалите ќе ги загубат сите, а тоа значи дека на крајот Американците ќе бидат златни, пред Јапонија и Канада.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА