Скандал на Азискиот куп: Кинески репрезентативци се обложувале против себе

Кинеската фудбалска репрезентација се најде во огромен скандал откако беше покрената опширна истрага околу обвинувањата дека дел од фудбалерите се обложиле на победа на Иран пред меѓусебниот дуел од четвртфиналето на Азискиот фудбалски куп. Осомничени се четворица фудбалери за кои се тврди дека сомнително се однесувале за време на натпреварот и имале чудни реакции при постигнувањето на головите на противникот.

Веднаш по поразот Марчело Липи си поднесе оставка од селекторската функција што исто така се толкува како сигнал кој оди во насока на потврда на ваквите обвинувања.

Кинеските власти жестоко, со доживотен затвор, ги казнуваат сите обиди за корупција, мито или ‘местење натпревари’.  Ако тврдењата се покажат точни, Кина ќе добие и ригорозна казана од Азиската фудбалска организација.

Групната фаза на Азискиот куп, Кина ја заврши на второто место, во осминафиналето го победи Тајланд, а потоа во четвртфиналниот сегмент беше елиминирана од Иран.

 

Се вчитува...