Скандал на ЕП: Само Хрватите во град оддалечен 40 километри од Хернинг ја чекаат завршницата

Во пресрет на завршницата на Европското првенство, хрватската репрезентација се соочи со контроверзна одлука на организаторите.

Наместо во градот домаќин Хернинг, каде се играат полуфиналните натпревари и финалето, Хрватите се сместени во Силкеборг, на околу 40 километри од арена Јиске банк боксен.

Додека Данска (домаќин), Германија и Исланд се сместени во Хернинг и уживаат во логистичка предност, хрватските ракометари ќе мораат секојдневно да патуваат до местото на натпреварите. Оваа одлука предизвика незадоволство во хрватскиот камп, а дел од медиумите и навивачите ја оценуваат како нефер третман кон еден од фаворитите за медали.

Полуфиналните дуели се играат на 30 јануари, а Хрватска отвора против Германија во меч од 17.45 часот. Поради сево ова селекторот на Хрватска, Дагур Сигурдсон одлучи да ја бојкотира официјалната прес-конференција.

Се вчитува...