Скандал на поранешниот француски репрезентативец: Се степал со тренерот и го напуштил клубот

Поранешниот играч на Ливерпул и на француската репрезентација Мамаду Сако, не е повеќе дел од Монпеље. Францускиот стопер го напушти клубот откако се степал со тренерот Мишел де Закаријан. До тепачката дошло на последниот тренинг, кога тренерот не досудил прекршок врз играчот, по што овој лут го напуштил теренот.

Ерменецот му соопштил на играчот дека тој нема да одлучува кога и како ќе тренира. Сако му одговорил дека се однесувал добро кон него, и покрај малата минутажа која ја имаа оваа сезона, откако во девет меча одигра само шест минути.

Де Закаријан наводно го нарекол фудбалерот „плачко“, по што овој загубил нерви и го нападнал. Сведоците откриваат дека и двајцата се нашле на подот.

Тренерот не сакаше да го коментира инцидентот, додека Сако кажа дека тој не е одговорен за тепачката и дека караница е причина за негов раскин на договорот. Во клубот е од 2021 година, а договорот му истекуваше на крајот на сезоната.

Се вчитува...