Скандал на СП: Ловрен ги нападнал со пцовки хрватските новинари по мечот за трето место

Среде славјето на хрватската репрезентација по освоената бронза на Светското првенство, Дејан Ловрен предизвика скандал во микс-зоната на стадионот… Како што пренесува хрватскиот „24сата“, дошол Дејан Ловрен во микс зоната и дал изјава само за странските медиуми.

Тој поминал покрај хрватските новинари и реколе: „Сега Лука Модриќ ќе ви даде изјава“ и си заминал.

Во тој момент двајца новинари се насмеале, па Ловрен се вратил и прашал:

„Кој се смее?

Колегата му возвратил дека не му се смеат, но Ловрен возвратил:

„Каков начин е ова, вие сте против, се смеете, ни се потсмевате. Не сте среќни поради ова“.

Тие му одговориле дека не му се смеат, но Ловрен продолжил:

„Па, сега се смееш, смрдливко еден. Ти и оваа госпоѓа. Не сте го снимиле како се смее. Луѓето не се среќни, се смеат и тоа е вистината“.

 

Се вчитува...