Германката Никол Шот предизвика меѓународен скандал избирајќи мелодија од филмот „Шиндлеровата листа“. Станува збор за филмско ремек-дело од 1993 година во режија на Стивен Спилберг, за германски бизнисмен кој спасил илјадници Евреи од прогонот на нацистичките сили за време на Втората светска војна.
Фактот дека изборот на песна од овој филм го направила токму натпреварувачка од Германија предизвика бура од реакции.
„Срамота е на оваа песна да танцува Германка на Олимписки Игри. Како можела да ја избере, но и кој и дозволил. Ова е ужасно“ – се само дел од реакциите на јавноста, на што се надоврзаа и дел од останатите натпреварувачи, обвинувајќи ја Шот за „нечувствителност за човечка трагедија“.
Ова не е првпат песната од „Шиндлеровата листа“ да биде користена на натпреварување во уметничко лизгање. Претходно на ЗОИ во Сочи Русинката Јулија Липницка со изведба токму на оваа мелодија се закити со златниот медал.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА