На руското „чидо од дете“, Камила Валиева која го освои светот со историскиот четирикратен скок сега и се заканува суспензија откако последните информации велат дека е позитивна на допинг. Според руските медиуми, 15-годишничката била позитивна на триметадазин, лек за срцева болест кој го зголемува протокот на крвта, но и ја зголемува издржливоста поради што се наоѓа на листата на забранети супстанци на Светската антидопинг агенција (ВАДА).
Валиева беше дел од рускиот тим кој во понеделникот го освои златниот медал во екипна конкуренција пред САД и Јапонија, но доделувањето на медалите беше одложено од нејасни причини. Сега се верува дека причината бил токму позитивниот тест, но уште се чека конечна одлука за распределба на медалите, односно дали на Русите ќе им биде одземен златниот медал.
O primeiro salto quádruplo realizado por uma mulher nas olimpíadas é dela: Kamila Valieva #PatinaçãoArtística #FigureSkating
pic.twitter.com/ZD0mk6zRys— ju³⁰| jurídico sasha trusova ⛸ (@jufcbayern) February 7, 2022
Ситуацијата е комплицирана и поради годините на Валиева, таа се уште нема 16 години и според светскиот антидопинг кодекс нејзиното име не смее јавно да биде соопштувано. Доколку Валиева биде казнета се очекува санкцијата да биде помала отколку за спортист од над 16 години. Во 2014 година, кинескиот пливач Сун Јанг исто така беше позитивен на триметадазин, а тој тогаш доби тригодишна суспензија.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА