Скандал: Навивачите на Барселона со порака за смрт на Винициус

Фудбалерите на Барселона стигнаа до нов трофеј во шпанската Ла лига. Во текот на вчерашниот ден тие на улиците на каталонската престолнина ја прославија титулата со своите навивачи.

Во еден момент, на една од локациите каде се славеше титулата, почна да се посакува смрт на ѕвездата на Реал Мадрид,Винициус Јуниор. Навивачите на Барселона скандираа „Винисиус, умри“, а видеото набрзо стана вирално на Твитер поради бројот на луѓе кои го осудија овој чин.

 

Се вчитува...