Скандал пред СП 2022: Бразилскиот селектор им наредил на репрезентативците да лажираат повреди во клубовите!?

Селекторот на репрезентацијата на Бразил, Тите им наредил на фудбалерите на кои смета за Мундијалот во Катар да лажираат повреди во своите клубови како би ги пропуштиле преостанатите натпревари и да се соочуваат до почетокот на Светското првенство кое е закажано за 20. ноември.

Тите сака на Мундијалот да ги има најдобрите фудбалери на располагање, па на дел од носителите на играта им наредил да лажираат повреди. Оваа вест ја открива бразилски „Глобо“, а нивни извор е Габриел Барбоса – Габигол, според кого селекторот кон него бил навистина груб откако го одбил и му соопштил дека нема да го води во Катар.

„Тите побара од играчите да одглумат повреди и да избегнат настапи во следниот период. Габигол го прашал како може да одглуми такво нешто, за да потоа селекторот крајно вулгарно му рекол штом прашува дека нема да биде на списокот репрезентативци“ – пишува „Глобо“.

Од Бразилците во последниот период на повреди се пожалија Ричарлисон и Лукаш Пакуета, но ќе бидат подготвени за Катар.

Бразилците на Мундијалот во Катар се во Групата Г со селекциите на Србија, Швајцарија и Камерун, а првенството го отвараат на 24. ноември против Србија.

Се вчитува...