Фудбалерите на Ал Хилал забележаа победа во 23. коло од Премиерлигата на Саудиска Арабија против екипата на Ал Ријад со 3-1. Александар Митровиќ беше во центарот на вниманието за време на натпреварот, но и по неговиот крај.
Центарфорот на српската репрезентација шутираше два пенали, а еднаш беше прецизен. Прво на крајот од првото полувреме не го искористи пеналот, а потоа кон крајот на натпреварот при резултат 2-1 за Ал Хилал самиот изнуди пенал. На Кристијано Роналдо не му се допадна начинот на кој беше добиен пеналот. По центаршутот, Митровиќ ја промаши топката и падна на земја, а судијата покажа на белата точка.
Роналдо остави коментар на социјалната мрежа Инстаграм за да каже што мисли за ситуацијата на крајот од натпреварот.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

