Скандал во англиската репрезентација: Откриено зошто асот на Арсенал си заминал од Доха

Англискиот дефанзивец Бен Вајт веќе некое време го нема на Светското првенство во Катар, Англичаните дадоа образложение дека заминал од приватни причини, и бараа неговото име да го нема по медиумите. Меѓутоа се чини дека стоперот на Арсенал бил исфрлен од националниот тим поради скандал кој се случил.

Вајт не одигра ниту еден меч во групата, а замина од селекцијата пред нокаут фазата. Англиските медиуми пишуваат дека имало скандал, односно вербална расправија и караница со Вајт и помошникот тренер Стив Холанд.

Вајт не бил задоволен од третманот во репрезентацијата, па одбрал изолираност од останатите играчи и бил мрзелив.

 

Се вчитува...