Скандал во Аргентина – млади фудбалери на Индепендиенте принудени на проституција!

Аргентинскиот фудбалски гигант Индепендиенте покрена истрага поради сомнението дека неколку млади фудбалери од овој клуб биле злоставувани и принудени на проституција!

Еден од младите фудбалери од генерацијата 2001, кој живее во клупскиот интернат на психологот му открил дека бил принуден на протитуција и тоа од страна на друг повозрасен четвртолигашки фудбалер. Психологот за случајот го информирал координаторот на младинските селекции во Индепендиенте, Фернандо Берон, а потоа управата на клубот одлучила да се обратат и до надлежните судски органи.

Според аргентинскиот весмник „Оле“, четвориица или петмина млади фудбалери на возраст од 16 и 17 години биле вклучени во мрежата на проституција. Други медиуми пак информираат дека скандалот има уште поголеми размери и дека дури 20 млади фудбалери добивале пари за проституирање со повозрасни мажи.

Во разговор со клупскиот психолог со играчите, утврдено е дека имало сексуално злоставување и веднаш покренавме истрага“ – изјави адвокатот на Индепендиенте, Даниел Лермано.

Се вчитува...