Скандал во Чемпионшип: Навивач влета на терен и удри фудбалер на Астон Вила

Хулиганството дефинитивно повторно е во мода на „островот“, откако градското дерби меѓу Астон вила и Бирминем во Чемпионшип-дивизијата беше прекинато на неколку.

Причината е скандалозна, еден навивач на Бирмингем влета на теренот и од зад грб го удри фудбалерот на Астон Вила, Џек Грилиш. Се создаде хаос на теренот, се вмешаа уште неколку фудбалери на Астон Вила, за на крајот страстите да се смират, а хулиганот да биде изнесен од полиција од стадионот.

Законот е јасен, за ваков испад следи затворска казна и доживотна забрана за присуство на фудбалски стадион, но се почестите хулигански испади дефинитивно се причина за загриженост на „островот. Пред само неколку дена слична ситуација се случи во Шкотска, кога навивач на Хибернијан влета на теренот и почна да се турка со капитенот на Глазгов Ренџерс.

Дефинитивно, почнува тренд што е најава за многу проблеми…

Се вчитува...