Скандал во Франција: Одбил да прекине пост, па го исфрлиле од репрезентацијата

Многумина фудбалери се одлучуваат да постат за Рамазан, а некогаш се случува тој пост да биде и за време на натпревар. Францускиот фудбалски сојуз донесе радикална одлука, откако им забрани на своите играчи да постат за време на тренинзите и натпреварите во националниот тим.

Сево ова наиде на бројни осуди, некои одбиле да играат за репрезентацијата, а репрезентативецот до 19 години Махамаду Диавара одбил да ги следи насоките од Француската федерација упатени за Рамазан.

Диавара со тоа е исфрлен од тренинг кампот на националниот тим и вратен е на Лион, затоа што одбил да го прекине постот за време на тренинзите и на натпреварите на јуноорската селекција.

Таа одлука предизвика голем скандал во Франција, и наиде на многу негативни коментари. Многумина застанаа на страната на Диавара, и се против одлуката на француската федерација.

Се вчитува...