Скандал во Германија: Фудбалер возел пијан, клубот му забрани да тренира

Фудбалерот на Хамбургер, Жан-Лук Домпе беше суспендиран од клубот поради возење под дејство на алкохол. Тој нема да биде достапен на клубот за престојните натпревари, откако сообраќајната полиција утврди дека го возел автомобилот во пијана состојба.

30-годишниот Французин има 30 години, но германските медиуми не соопштуваат детали околу оваа состојба. Клубот соопшти дека играчот не се однесувал професионално.

Играчот пристигна во Хамбургер од Зулте Варегем пред четири години. Тој беше еден од најважните играчи на екипата, а оваа сезона постигна два гола на 15 меча. Освен тоа што е суспендиран од натпревари, нему нема да му биде дозволено да тренира.

Се вчитува...