Германскиот аматерски фудбал е потресен од скандал што потсетува на сценарио за холивудски трилер. Тимот на Хајдхаузен, кој беше лидер на локалната „Крајслига“, доживеа целосен колапс, затоа што им беа одземени дури 27 бодови, а причината е бизарна.
Се испостави дека нивниот главен играч, напаѓачот кој постигна девет голови, е лажен криминалец и играл под лажен идентитет со години.
Сè излезе на виделина кога полицијата спроведе операција за апсење на 34-годишниот фудбалер. Според јавното обвинителство, тој е обвинет за обид за убиство и вооружена трговија со дрога.
Во моментот на апсењето, ситуацијата беше на работ на крвопролевање. Осомничениот го возел својот автомобил директно кон полицајците во обид да ги прегази, а бил запрен дури откако полицајците испукале неколку куршуми во неговото возило.
Претресот на неговата куќа ги остави истражителите во шок. Запленети се пет килограми амфетамин, 50.000 евра во готово, неколку огнени оружја и неколку различни пасоши.
Токму овие пасоши открија дека „ѕвездата“ на аматерскиот клуб од Минхен цело време користел лажно име за да го скрие своето криминално минато и сегашни активности.
Претседателот на клубот, Џузепе Чалдоне, не може да поверува што се случило. Тој истакнува дека немало никакви индикации дека имале „нарко-бос“ во тимот.
Спортскиот суд во Баварија беше немилосрден. Бидејќи играчот настапи без право на игра (поради лажни податоци), сите десет натпревари во кои учествуваше беа регистрирани со официјален резултат против неговиот клуб. Ова резултираше со одземање на 27 бода, што го фрли Хајдхаузен од врвот на табелата во бездна.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

