Вториот тим на Баерн Минхен највулгарно беше навредуван на натпреварот од Третата германска лига на гостински терен против Хемницер.
Мечот заврши 2-2, а домашните навивачи низ сите 90 минути со расистички повици ги навредуваа играчите на Баерн меѓу кои беа и црномурести фудбалери. Во еден момент, „навивачите“ се насочија и против управата на својот клуб нарекувајќи го спортскиот дирекот Томас Соботцика „еврејска свиња“.
Хемницер оштро го осуди таквото однесување, а раководството донесе забрана играчите по натпреварите да одат кај трибината со најжестоките навивачи. Хемницер со години има проблеми со своите најрадикални навивачи кои се декларирани ултрадесничари и неонацисти. На поранешниот капитен на клубот, Даниел Фран му беше раскинат договорот откако отворено ги поддржа неонацистите и седеше со нив за време на еден натпревар.
Токму и поради тоа навивачите го прозиваа Соботцикна дуелот против вториот тим на Баерн.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА