Грчкиот фудбал се соочува со огромен скандал, откако израелскиот голман Борис Клејман е уапсен. Чуварот на мрежата на тимот на Волос е пријавен за сексуален напад на малолетничка, а кај него биле пронајдени и наркотични средства.
Инцидентот наводно се случил во еден клуб во 5 часот наутро, кога група на ученици од Белгија биле на школски излет, и се ззабавувале во клубот, каде што бил и Клејман. Тој наводно пришол на една малолетна девојка, која подоцна го пријавила за сексуален напад.
Грчкиот клуб Волос веднаш најавил раскинување на договорот со голманот, кој играше во неколку израелски клубови, пред летото 2018 година да се пресели на Кипар, а потоа и во грчкиот фудбал.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА