Скандал во Грција: Кошаркар на Олимпијакос физички нападнал новинар

Шокантни вести ја тресат Грција откако еден новинар Сотирис Георгиу истакна дека бил физички нападнат од страна на кошаркарот на Олимпијакос, Георгис Боргис. Инцидентот се случил вчера во еден ноќен клуб во Атина, а самиот новинар за целата ситуација се изјасни преку статус на „фејсбук“, во кој вели дека врз него е извршен обид за убиство со помош на тупаници.

„Јас бев излезен за да се напијам пијалок, кога од никаде пред мене се појави Боргис и почна да ме напаѓа со тупаници. Тој константно ме навредуваше и ми се закануваше дека ќе ме убие додека ме удираше. Откако го оттргнаа од мене тој продолжи да употребува погрдни зборови и да се заканува, наговестувајќи дека сум сакал да создадам „војна“ помеѓу мене, него, и Олимпијакос. Дури и откако го напушти објектот се закануваше дека ќе ме повреди, додека двајца негови колеги кои беа со него не знаеја што се случило додека јас крварев“, пишува во статусот на Георгиу.

Од раководството на Олимпијакос веднаш испратија соопштение до јавноста во врска со инцидентот:

„Што се однесува до личниот спор помеѓу нашиот кошаркар Георгис Боргис и новинарот Сотирис Георгиу, Олимпијакос експлицитно го осудува секој вид на насилство. Инцидентот е под истрага според внатрешните процедури на клубот, и во најскоро време ќе донесеме одлука околу нашиот член“

 

 

Се вчитува...