Холандскиот судија Јан Смит, повеќе нема да дели правда во натпреварите под капата на холандската фудбалска федерација, откако дисциплинската комисија ги прегледала снимките од последниот натпревар. На мечот помеѓу Сент Џорџ од Спиердијк и Де Валкен, кој заврши со нерешен резултати, и така ја осигура титулата на Сент Џорџ. Смит бил видливо пристрасен во корист на Сент Џорџ.
Смит на противничките играчи на Де Валкен, им доделил три црвени картони, исклучувајќи двајца фудбалери и еден тренер. Го продолжил мечот 15 минути, за тимот да постигне гол и да израмни, а потоа заедно со нив славел.
„Откако отпеав една песна, го подигнав трофејот и се се заврши. Тажен сум и разочаран од одлуката на федерацијата“, изјави Смит, кој воедно е и пејач.
Де Валкен поднел жалба за нанесена тешка штета на тој натпревар. Смит исто така се соочи со казна во 2021 година, но тогаш Холандија му даде втора шанса.
Scheidsrechter deelt 3 rode kaarten uit aan de tegenstander en schreeuwt daarna KAMPIOENEN en staat met de schaal te zwaaien op het kampioensfeest. Kan alleen in de klasse van @SV_Ilpendam @MikeVerweij 🤣 pic.twitter.com/tsWCamEHHG
— Danny Korporaal (@dannykorporaal) May 12, 2024
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА