Хрватскиот ракометен голман Дино Хечимовиќ кој последно настапувал за Осијек е суспендиран на две години поради пронајдена дрога амфетамин во неговиот организам по тестирање спроведено на 22. септември 2024 година.
Неговиот примерок од урина бил позитивен по што тој е суспендиран од 19. ноември, а одлуката на дисциплинската комисија за двогодишна суспензија е од 30. декември.
Играчот не понесе жалба на одлуката, ниту побарал анализа на нов примерок што говори дека ја прифатил вината и е подготвен да одговара за своите постапки.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА