Скандал во Хрватска: Противникот бил агресивен, па Арсими предвреме го напушти „тестот“ со Одра

Екипата на Арсими од Чегране ги заврши 10-дневните подготовки во Хрватска неславно. Денешниот пријателски натпревар против полскиот тим Одра Ополе го напуштил при резултат од 2-0 за тимот од Чегране. Причината, како што велат од тимот, била тоа што фудбалерите на противничкиот тим биле поагресивни од вообичаеното.

Тимот утре се враќа во Македонија, а како што напоменуваат, во следните денови ќе бидат промовирани нови засилувања.

Денешниот натпревар не го дочека крајот, бидејќи при предноста на нашиот клуб од 2-0, противниците беа поагресивни од вообичаеното за пријателски натпревар, имаше повреда, па затоа ценевме дека здравјето на играчите е поважно од сè, па затоа, без да сакаме да ризикуваме, одбивме да го продолжиме натпреварот“, стои во објавата на Арсими. 

Претходно Арсими играше против Приморје, Славен Белупо и Вуковар. Сите ги загуби, и тоа од Приморје 4-1, од Вуковар 4-0 и од Славен Белупо 5-1.

Се вчитува...