Скандал во Италија: Фудбалер на Лече пијан бегал од полицијата, го чека жестока казна

Италијанските медиуми пренесуваат за несекојдневен инцидент кој се случил во Лече. На клупската божиќна прослава некои играчи се опуштиле, а во центарот на вниманието бил францускиот дефанзивец Енди Пелмар.

24-годишниот фудбалер под дејство на алкохол седнел зад воланот. Во меѓувреме го сопрела и полиција, но Пелмар побегнал. Не за долго, затоа што веднаш бил фатен, и му била одземена возачката дозвола.

За инцидентот се огласи и неговиот клуб.

„Лече силно го осудува однесувањето на својот играч Енди Пелмар, бидејќи тоа не е во согласност со стандардите поставени од клубот. Во очекување на соодветна истрага, играчот е суспендиран од првиот тим. Како клуб го задржуваме правото за воведување на дополнителни мерки“, стои во соопштението.

Се вчитува...