Скандал во Италија: Кошаркарски тренер уапсен поради силување на малолетник

Тренерот на академиите на тимот на Стела Азура, Паоло Траино е уапсен под сомнение дека силувал 13-годишно момче од редовите на тимот. Жртвата имала 13 години во 2020 година кога била малтретирана, а ова тимскиот психолог го извел на виделина, меѓутоа истрагата не продолжила. Една година подоцна мајката на момчето пронашла белешки во дневникот на младото момче, и случајот го пријавила во полиција, по што денеска тренерот е уапсен.

Треино и во минатото имал вакви скандали. Во 2000 година бил уапсен и завршил во затвор шест месеци поради тоа што кај него била пронајдена детска попрнографија.

Во Стела Азура во изминатите години настапуваа и неколку млади и талентирани македонски кошаркари.

Се вчитува...