Голем скандал го тресе Сон Хеунг Мин и неговото семејство по откривањето на докази за физичко насилство врз младите фудбалерите кои се дел од академијата на асот на Тотенхем во Сеул.
За ситуацијата да биде уште посериозна, во главна улога е неговиот татко Сон Вунг-Јонг, како и братот на голгетерот, Сон Хеунг Јун, кои се осудени со парична казна поради физичко насилство на млади фудбалери. Обвинителството докажало дека таткото и братот на Сон со корнер знаменце удирале едно дете кое било дел од академијата, кое се здобило со повреди во пределот на мускулите и морало да мине две седмици во болница.
Семејството Сон ги отфрли обвинувањата тврдејќи дека сите негови потези се од љубов кон децата во академијата, но судот пресуди во корист на обвинителот. Така, таткото и синот Сон ќе треба да платат парична казна од по 2.220 долари, а покрај тоа ќе минат и 40 часа јавна работа како дел од програмата за заштита на деца од физичко насилство.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА