Нема крај за проблемите во репрезентацијата на Косово по поразот во Скопје од Македонија во полуфиналето од баражот во Лигата на нации. Голем скандал се случил во репрезентативните редови по поразот и од Словенија три дена по гостувањето во Скопје.
Како што пренесува новинарот од Косови, Агим Касаполи, вистински хаос се случил во репрезентацијата по поразот од Словенија како последица и на негативната атмосфера по елиминацијата од Македонија.
Жестока физичка пресметка во соблекувалната дошло меѓу Валон Бериша и Едон Жегрова, дополнето и со недолично однесување на Арбер Зенели, по што селекторот Бернард Шаланде веднаш ги отстранил од репрезентацијата па не настапија на следниот натпревар со Грција.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА