Скандал во квалификациите за СП: Тепачка меѓу фудбалерите и навивачите на мечот Катар – ОАЕ (ВИДЕО)

Скандал во одлучувачкиот натпревар од групата А во квалификациите за СП 2026 во Азија меѓу репрезентациите на Катар и ОАЕ.

Катар на крај, како домаќин славеше со 2-1, со головите на Педро Мигел и Буалем Кухи, и обезбеди пласман на Мундијалот, но мечот беше одбележан од огромниот инцидент кој се случи по вториот погодок на Катар.

На теренот изби физичка пресметка меѓу фудбалерите и навивачите. За среќа, инцидентот беше ставен под контрола по интервенција на полицијата, па на крај мечот и успеа некако да заврши.

Се вчитува...