Огромно внимание шпанските и англиските медиуми денеска посветуваат на вербалната пресметка на младите англиски ѕвезди на синоќешниот натпревар меѓу Гетафе и Реал Мадрид (0-2) во Ла Лига.
20-годишната ѕвезда на Реал, Џад Белингам по еден дуел со својот 22-годишен сонародник, Мејсон Гринвуд неочекувано му дофрли – „силувачу!“.
Камерите на мечот токму во тој момент се фокусираа на Белингам доловувајќи го неговиот напад со етикетирање на Гринвуд, поради што од Гетафе по мечот бараа од делегатот и таа снимка да биде вклучена во извештајот за натпреварот, а Белингам да добие соодветна казна.
Jude Bellingham after tackling Mason Greenwood
“R*PIST”😳😳
pic.twitter.com/ezXcgHSvWL— Footy Humour (@FootyHumour) February 1, 2024
Гринвуд, како што е познато, до пред две години беше една од најголемите млади ѕвезди на англискиот фудбал. Детето на Манчестер јунајтед стигна и до првиот тим на клубот, беше рекламиран како еден од темелите на идниот Јунајтед, за да потоа животот целосно му се „преврти“. Неговата девојка и мајка на нивното дете, Хариер Робсон го обвини, и тоа преку социјалните мрежи, дека е насилен кон неа и дека ја силувал во неколку наврати.
Гринвуд беше уапсен и обвинет за обид за силување и физички напад. Но, до судење не дојде откако сите клучни сведоци се откажаа од сведочење па се претпоставува дека Гринвуд се договорил со жртвата. Сепак, и покрај ослободувањето од обвиненијата, изминатото лето Манчестер јунајтед го избриша од својот тим, по што се пресели во Гетафе.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

